Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Двјаца убиени, 18 повредени во масовното пукање на Флорида на Ноќта на вештерките, полицијата уапси еден од напаѓачите

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Еден маж е уапсен во Тампа, Флорида, во масовно пукање што избувна за време на прославата на Ноќта на вештерките рано во неделата. Две лица загинаа, а најмалку 18 се повредени, соопшти полицијата. Најмалку двајца напаѓачи отвориле оган по предходна тепачка меѓу две групи.

Тепачката се случила во област со неколку барови и клубови, позната по ноќниот живот. Видеото објавено на интернет се гледаат луѓе, многумина во костими за Ноќта на вештерките, како пијат и се зборуваат на улица кога одекнуваат десетина истрели, а неколку секунди подоцна следеле уште осум. Настанало стампедо, при што многумина паднале на земја. Повредените се пренесени во околните болници.

-Сакам да ви кажам дека сме денеска тука со уапсен еден осомничен и благодарение на луѓето од заедницата кои се јавија утринава. Бев надвор и барав изјави. Добивме информации, многу совети врз основа на кои можеме да го обвиниме 22-годишниот Тајрел Стивен Филипс за убиство од втор степен со огнено оружје. Нашиот број на жртви е 18. Имаме двајца починати. 14-годишник и 22-годишник. Од нив, 15 се застрелани, а друг има сериозни повреди, објави Ли Беркау, полициски началник во Тампа.