Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двојно убиство со умисла, поднесено обвинение против жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово

/

пред 731 дена

Сподели преку :

Кумановското обвинителство поднесе обвинителен акт против триесет и шестгодишната скопјанка, долгогодишна жртва на семејно насилство, која ги уби својот сопруг и свекорот во Кратово. Обвинителството ја терети за едно од најтешките дела во кривичниот законик, двојно убиство со умисла, за кое е предвидена казна од десет години до доживотен затвор.

Нејзините бранители ќе се обидат да го оспорат обвинителниот акт, пред почетокот на судскиот процес, и цврсто се убедени дека  станува збор за убиство во миг.

Адвокатскиот тим располага со обемна документација од надлежните институции, полицијата и центрите за социјална работа во Кратово и Куманово, односно пријави, пресуди и изречени времени мерки каде жртва е нивниот клиент како и психијатриски вештачења и изјави од сведоци кои ќе ги користат во текот на судскиот процес кој треба да почне до крајот на овој месец.

Сега осомничената стапува во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца. Физичките и психички тортури почнуваат по раѓањето на двете деца, и често се случувало пред нивните очи. Таа е во куќен притвор кај нејзините родители во Скопје додека двете малолетни деца во моментов се наоѓаат кај роднина во Кратово и редовно ги посетуваат службеници од Центарот за социјални работи.

Огнен Чанчаревиќ