Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери и координаторите на пратеничките групи ќе ги усогласуваат деталите за презентацијата на договорот со Бехтел и Енка во Собранието

/

пред 1267 дена

Сподели преку :

Во Собранието денеска се очекува да се одржи координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Една од темите на средбата, според најавите, би требало да биде и договор за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д пред пратеници со безбедносен сертификат.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела изјави дека прифатил договорот да го презентираат владини претставници пред пратеници со безбедносен сертификат и дека согласноста е испратена во Собранието.

Ставот на опозицијата е дека пратениците со безбедносен сертификат по Устав и по закон имаат право на пристап до секој документ со назнака „државна тајна“.