Државниот завод за ревизија по спроведена анализа на работењето на Централниот регистар на Република Македонија за 2023 година, утврди сериозни слабости во функционирањето на институцијата.
Ревизорите откриле случаи на продажба на возила без одобрение од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи, проблеми со долгови и неправилности при вработувањето. Дополнително, ревизорите забележале нефункционирање на неколку регистри и недостатоци во сметководственото водење на имот и средства.
Една од сериозните забелешки е несоодветната сметководствена евиденција на градежни објекти и набавени средства кои не се ставени во употреба. Исто така, утврдени се и законски недоречености во одредени процедури, како и нецелосен попис на средствата и обврските.
Ревизорите препорачуваат преземање мерки за подобрување на состојбите и надминување на утврдените проблеми.











