Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани

/

пред 446 дена

Сподели преку :

На територија на државата регистрирани се девет пожари на отворен простор од кои активен е само пожарот кај селото Стровија кај местото викано Гајдарец-Клепало во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, под контрола е еден пожар, а седум се изгаснати.

Под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна. Таму гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.