Најмалку едно лице е убиено, а шест се повредени во пукање во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, соопшти локалната полиција.
Како што се наведува, жртва е 21-годишен маж, а на престрелката и претходела расправија меѓу две групи на луѓе, пренесува локалната ВКМГ ТВ.
Повредените се хоспитализирани и се надвор од животна опасност. Полициски извори соопштија дека осомничениот напаѓач сè уште не е пронајден.











