Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден златен, два бронзени – каратистите на Макпетрол со три медали од Балканијадата во Љубљана

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Еден златен и два бронзени медала донесоа каратистите на „Макпетрол“ од Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана. Витомир Трајковски се закити со златен медал во категорија до 84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во категоријата над 84 килограми. Јована Мицовска, пак, освои бронза со женскиот тим во борби.

Сите три одличја беа освоени во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3:1 против Михајло Василиќ од Србија. Ова е нов успех на членот на „Макпетрол“ по бронзениот медал што го освои на Светските игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, во конкуренција на Топ 8 спортисти. Тој е прворангиран и на Светската ранг листа на Светската карате федерација  (WKF).

Стојановиќ (+84 кг) во борбата за бронзата славеше против Антон Баждариќ од Хрватска со 4:1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна Гора со 1:2.

Македонија на најмасовното и најквалитетното регионално првенство настапи со 102 каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови. На Балканското првенство настапија рекорден број од 1.007 каратисти со 1.078 натпреварувачки влезови од 13 држави.