Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Единаесет лица загинаа, 24 се повредени – автобуска несреќа во Турција, првичните информации упатуваат дека шоферот заспал

/

пред 804 дена

Сподели преку :

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми.

Автобусот удрил во колона под мостот околу 5 часот по локално време, во правец кон Ескишехир.

На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи.

Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал, бидејќи нема индикации дека се обидел да закочи.