Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина, три се повредени – Русите го гранатираа Херсон

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Украинско-руската војна во последните три недела падна во сенка на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Ситуацијата на терен е непроменета во поглед на воените операции, особено е тешка на истокот на Украина. Командатот на украинските копнени сили, Александар Сирски, изјави дека Русите се прегрупирале, се засилиле и од дефанзива транзитирале во активни дејства во Бахмут, Доњецк и во околината на Купјанск каде се обидуваат да напредуваат истовремено од неколку правци.

Русија ноќеска изврши гранатирање на Херсон. Во нападот е погодена повеќекатница, пришто една жена загина, а три лица се повредени. Според началникот на градската управа, Русите го гаѓале централниот дел на градот од левиот брег на реката Дњепар.