Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина во експлозијата во фабрика во Крушевац

/

пред 1014 дена

Сподели преку :

Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во експлозија што денеска се случи во фабриката „Трејл“ во Крушевац.

Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека се случила трагедија и прецизира дека експлозијата се случила во објект за производство на горивна лента.

Според првичните информации, едно лице загинало, а четири се повредени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница во Крушевац“, се вели во соопштението на српското МВР.

Како што пренесе Н1, по експлозијата избувнал пожар кој е локализиран, а на местото на настанот го обезбедуваат припадници на полициската управа во Крушевац и на Итната помош. јт/

Во тек е интервенција.