Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина, многумина се повредени при артилериски удар врз зграда во јужна Русија

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Во напад со тешко оружје врз станбен блок во градот Белгород во јужниот пограничен регион на Русија загина едно лице, објавија денеска медиумите и официјални лица, јави ДПА.

Според првичните наоди на руските истражители, една жена загина, а 29 лица се повредени.

Регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков ја обвини украинската војска за „масовното гранатирање“.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од зграда од која од ударот е разнесен цел дел од станови.