Два воза што се упатувале кон археолошкото подрачје Мачу Пикчу во Перу се судрија во при што едно лице загина, а 30 беа повредени.
Националната полиција на Перу соопшти дека починатиот бил машиновозачот на еден од возовите. Меѓу повредените имало перуански и меѓународни туристи, еден од повредените е во сериозна состојба.
Бројките постојано се ажурираат. Од железницата во Перу соопштија дека нејзините работници ги превезле повредените во два независно погонски вагони по што биле однесени во амбулантни возила и им била дадена медицинска помош. Полицијата сè уште ја истражува причината за несреќата.











