Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕДП: Треба да се даде шанса за обединување со ДУИ

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Централното собрание на Европската демократска партија, на состанокот одржан синоќа, ја разгледа поканата на Демократската унија за интеграција во врска со обединувањето на политичките сили во рамките на една политичка формација, се наведува во соопштението од Европската демократска партија.

Сметајќи го политичкиот моментум како важен во однос на можно политичко обединување на Албанците, како и за што посилно артикулирање на гласот на албанците, особено по Конгресот на ДУИ, промените што се случија и усвоените резолуции, Централното собрание на Европската демократска партија оценува дека треба да се даде шанса на обединување во рамките на една политичка партија која ќе продолжи да биде главен глас на Албанците во Северна Македонија.

Централното собрание го овласти претседателот на партијата да ги продолжи разговорите со претседателот на ДУИ и да ја пронајде најдобрата форма и модел за заокружување на овој процес.