Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Егзекуторот го чекал Штекли во кладилницата до подвижните скали на кои ги застрела двете жртви во Ист Гејт Мол

/

пред 1075 дена

Сподели преку :

Лицето кое се обиде да го ликвидира Раде Трајковски Штекли, својата жртва ја чекал во спортска обложувалница на првиот подземен кат во Ист Гејт мол.

Во заседата според првичните претпоставки најверојатно е вклучено уште најмалку едно лице како логистика кое било на вториот кат во трговскиот центар каде се наоѓа фитнес центарот.

Таму редовно вежбале Штекли и неговиот пријател. Откако ја напуштиле теретаната второто лице му јавило на лицето кое требало да ја изврши егзекуцијата дека тие се упатиле кон планираното место на заседа, ескалаторот каде жртвите не можеле да се сокријат или избегаат.

Егзекуторот ги застрелал и двајцата по што се дал во бегство. Раде Трајковски е ранет полесно и е на болничко лекување, а неговиот пријател е потешко повреден и со сериозни повреди чека втора операција на Клинички центар.

Нападот се случи во вторникот околу 15 часот, а министерот за внатрешни работи потврди дека станува збор за пресметка на кланови.