Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година.

Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Врз основа на извештаите, известувачите на Комитетот за надворешни работи ќе изготват соодветни резолуции.

Во пакетот-извештаи Еврокомисијата ја потврдува својата посветеност на пристапниот процес и на перспективата за „обединување на Европа“, но посочува и на одредени пропусти и недостатоци во секоја од државите кандидати за членство.

Во него наведува општа оценка дека процесот на проширување сега се движи побрзо отколку во последните 15 години, но и дека корупцијата останува значаен предизвик за земјите опфатени со процесот на проширувањето и дека справувањето со неа мора да биде приоритет.