Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Газпром ќе ја прекине испораката на гас за Бугарија

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

Бугарската ТВ Нова објави дека Газпром ја известил Бугарија дека ќе го прекине испорачувањето на гас во оваа држава.

Според соопштенијата на надлежните министерства кои ги цитира НОВА, одлуката за прекинот е доставена до нив по што се известени и премиерот и владата.

Прекинот е поради неприфаќањето на одлуката на Путин, гасот да се плаќа во рубљи наместо во долари и евра. Бигарските власти оцениле дека плаќањето во рубљи е спротивно на договорот потпишан со Газпром и е ризичен потег.

Софија тврди дека вакво сценарио било разгледувано од февруари и почетокот на војната во Украина и дека државата се подготвувала и за прекин на испорака на гас. Слични проблеми има и Полска која исто така од утре ќе престане да добива гас од Русија со првично објаснување дека е поради рубљите.