Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КБ пакети – сѐ во едно за пониска цена и уште поголеми поволности

/

пред 1081 дена

Сподели преку :

Добиј повеќе поволности, а плати помалку со новите КБ пакети на Комерцијална банка. Сѐ што им треба на твоите лични финансии сега доаѓа и во еден пакет, со кој добиваш бројни банкарски услуги по пониски цени од редовните.

Избери КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус, зависно од твоите потреби, и уживај во современото банкарство на Комерцијална банка, кое значи ефикасно, брзо и едноставно завршена работа. КБ пакетот го користиш секој ден а го плаќаш еднаш месечно, и тоа во симболичен износ.

За секој што поседува платежна сметка во денари и во девизи, користи мБанка и Интернет банка, поседува дебитни и кредитни картички, сака да плаќа со Google Pay и Garmin Pay или на рати без камата со дебитните картички, има потреба од дозволено пречекорување и, најважно од сѐ, сака да има целосна контрола на своите лични финансии, КБ пакетите се вистинскиот избор.

Направени се за да се вклопат во сечиј животен стил, а и за да го збогатат со нови и модерни дигитални банкарски услуги. Притоа овозможуваат флексибилност и нудат одговорни и безгрижни лични финансии.

Секој КБ пакет може да го активираш со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, можеш да ја отвориш онлајн на лесен и брз начин со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активираш при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.