Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Економско-социјалниот совет како двигател на социјалниот дијалог меѓу КСС и владата

/

пред 719 дена

Сподели преку :

Социјалниот дијалог меѓу синдикатите и Владата во минатото беше само формалност и тоа предизвика напластување на повеќе проблеми. Ова денеска го кажа претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски по одржаната седница на Извршниот одбор, на која присуствуваше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Од КСС го информирале министерот за нефункционирањето на Економско-социјалниот совет за потребата од законски измени и промени на стратешките планови, за потребата од нови зголемувања на платите и за репрезентативноста на КСС. Заменик министерот најави интензивирање на социјалниот дијалог, преку заживување на новиот состав на Економско-социјалниот совет.

„Во минатото многу пати сме кажале дека социјалниот дијалог беше само формален. Немавме ништо суштинско и како функционираше Економско – социјалниот совет. Во тој дел можам да кажам дека денеска ги изнесовме проблемите во делот на изменување и дополнување на законите , но и оние стратешки акциони планови , кои што како синдикати , заедно со другите партнери , Владата и Организацијата на работодавачи ги преземаме на годишно ниво“, кажа Благоја Ралповски, претседател на КСС.

„Од пред една недела започна да функционира во нов состав и Економско – социјалниот совет, каде што ќе ги интензивираме сите социјални дијалози , во однос на сите прашања во државата. И со добри дискусии, со добра анализа и параметри кои што ќе ги добиеме од практиката и од општествено – економското живеење во државата , ќе градиме правилни стратегии, измени на закони и донесување нови закони што ќе значат економски раст“, кажа Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Сотир Трајков