Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Која е фирмата Бурсток која сака да стане партнер и инвеститор во одбранбената индустрија на Македонија

/

пред 349 дена

Сподели преку :

На веб сајтот на компанијата Бурсток веќе е поставено македонското знаме заедно со уште неколку знамиња на држави од Арапскиот залив откако вчера премиерот Христијан Мицкоски и директорот на компанијата Бурсток, Џорџ Басби потпишаа меморандум за соработка и инвестиции во наменската воена индустрија во Македонија.

Компанијата според достапните податоци на веб сајтот функционира како инвестициско-консултациски фонд во одбранбенбата индустрија, но и во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор. Канцелариите на Бурсток се во Лондон и во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Директорот Басби е дел и од непрофитната организација „Западен Балкан 30“ и оваа година имаше посети и средби во Стопанската Комора. Дел од дипломатската кариера, Џорџ Басби ја има поминато и на Балканот и во Македонија.

Премиерот Мицкоски пак најави иннвестиции на Бурсток во одбранбената индустрија во вредност до 150 милиони долари и нови илјада високоплатени работни места.