Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Макпетрол“: Намалени цените на природниот гас и на метанот за мај

/

пред 1261 дена

Сподели преку :

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец мај ќе се намали за 0,85% за мегават час, во однос на цената за месец април ова година.

Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 2,9% односно, за 2 денари за килограм (1,42 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 69 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 67 денари за килограм или 47.44 денари за литар, соопшти Макпетрол.