Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макпетрол со 40% намалени цени на гасот во февруари и со пониски цени за метан

/

пред 1352 дена

Сподели преку :

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари ова година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50  денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар.