Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ноемвриската нето плата паднала за 135 денари во однос на октомври, но се покачила за 9,5% во однос на ноември 2023-та

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Државниот завод за статистика објави дека во ноември лани просечната исплатена нето плата изнесува 41.999 денари. Најголемата просечна нето плата и натаму е во секторот „информации и комуникации“- 77.475 денари, додека најниска просечна плата има во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, само 30.348 денари што е за 11.600 денари помалку од вкупната просечна плата.

Ноемвриската просечна нето плата е за 139 денари помала од октомвриската просечна плата или во проценти оди -0,3%. Од друга страна, нето платата во ноември 2024-та пораснала за 9,5% во однос на ноември 2023-ра (тогаш била 35 389 денари).

Зголемувањето на годишно ниво на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија (11.2 %).

Поединечно, најголемо зголемување имаат вработените во одделот Научно истражување и развој бидејќи според статистика, просечната плата во ноември ланни во нето им изнесувала 65 635 денари со годишен раст од повеќе од една третина односно 38,5%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец (октомври 2024-та, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.6 %).