Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со замрзнати цени и маржи а зголемен ДДВ не може да се сопре инфлацијата, сметаат експертите

/

пред 1075 дена

Сподели преку :

Мерките на Владата не се вештo спроведени  и се хаотични, замрзнување на цени е борба против инфлација на краток рок и не е решение, зголемувањето на ДДВ-то можеби и не беше неопходно во овој момент, сметаат експертите. Годинава граѓаните најмногу штеделе на струја, најголем удар врз семејниот буџет им било поскапувањето на основните прехранбени производи,  вината за инфлацијата и лошата екномска состојба ја лоцираат кај Владата и очекуваат уште полоша година, покажува анкетата која ја спроведоа Асцоијацијата за демократска иницијатива и Пулсот на демократијата.

Експертите пак со свој став. Анкетата сепак е показател на перцепцијата на граѓаните а бројките се показатели. Во војна меѓу плата и цени секогаш е поразена плата смета универзитетскиот професор Ванчо Узунов кој е на ставот дека краткорочно замрзнување на цените не е решение.

Покачувањето на ДДВ-то ќе влијае на цените и наместо тоа потребно е Владата да почне да штеди и сериозно да се нафати во борба против сивата економија.

Приватниот сектор не е причина за инфлацијата, компаниите немаат значителен профит бидејќи тоа ќе се покажало преку економскиот раст, а профитетот се должи на зголемен промет а не зголемени маржи, сметаат претставниците од Стопанските комори

Истражувањето на  двете невладини организации беше спроведено на над 1.500 испитаници во март а потоа и во октомври годинава з акомпарација на резултатите.

Огнен Чанчаревиќ