Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Донација на прилепска пиварница на општата болница и на брзата помош во Прилеп

/

пред 2164 дена

Сподели преку :

Прилепска Пиварница продолжува со мерките и активностите како одговор на бројот на заболени и ситуацијата со пандемијата на ковид-19, обезбедувајќи донација на средства во износ од 1.200.000 денари наменети за општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и за Брзата помош во Прилеп.

Дел од средствата ќе бидат наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, чија вкупна бројка изнесува 83 лица. Останатиот дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат својата медицинска помош.

„Како општествено-одговорна компанија, сметаме дека е неопходно да дадеме поддршка кон целокупниот медицински персонал што секојдневно се бори со ковид-19 пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19. Исто така, многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите, на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме.“ – изјави Самарџиоски Сашко, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Да ги почитуваме мерките издадени од надлежните институции и да се грижиме за сопственото здравје и за здравјето на другите.