Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И покрај кризата банкарскиот сектор стабилен

/

пред 2208 дена

Сподели преку :

Ковид кризата е здравствена, но банкарскиот систем остана стабилен и со доверба без да дозволи кризата да стане финансиска, тврди директорот на НЛБ Банка Антонио Аргир. Се бараат и потрошувачки и станбени кредити, а во вториот бран е дозволено одложено плаѓање на ратите на граѓаните кои немаат довоплно приходи. И во економијата е тешко иако сериозни последици имале помалку од десет проценти од клиентите на банката.

Во надминување на последиците помага и Европската банка за обнова и развој која во јули веќе поделила ефтина кредитна линија од 20 милиони евра, а продолжува и понатаму.

По затворањето на Еуростандард , банкарскиот сектор покажа стабилност, а Аргир оцени дека Народната банка постапила професионално. Сега останаа празни 330 експозитури на пошти во места каде нема други банки и во тек е избор на нова банка за таа услуга, за што според Телма се заинтересирани 8 од вкупно 12 активни банки во државата.

Од вчера почна исплатата на заробените депозити во 4 банки, имало гужви но не големи, објаснува АРгир и вели дека најголем дел од тие 136 илјади штедачи имаат помалку од 100 денари оставени за административни трошоци.

Миомир Серафиновиќ