Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочанските оризопроизводители повторно на протест

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Произведуваат храна а се сиромашни, сѐ што инвестираат во производството на оризовата арпа не им се враќа назад за живот, вака кочанските орзиопрозиводители си ја опишаа голготата.

Освен повисока откупна цена на оризовата арпа и на белиот ориз побараа и повисоки ваучери за зелена нафта, продолжување на рокот за три денари за ковид мерките, бидејќи до Нова година пари зеле одвај над 15 % од земјоделците.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција истакна дека ги знаат проблемите на земјоделците. Најави нова интервентна мерка, откако ќе ја направат анализата колку ориз не е откупен, а на откупувачите им порача дека ќе имаат и засилени контроли.

Оризопроизводителите поддршка имаат од лозарите, тутунарите и овоштарите. Земјоделците најавуваат дека се спремаат за големи протести од наредната недела.

Викторија Димитрова Јованова