Скоро 17 илјади вработени не им е исплатена плата во февруари, додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати, како дел од петтиот анти-кризен пакет кој е заглавен во Собранието.
Од Управата за јавни приходи апелираат поскоро да се донесат законите со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш најавија дека ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата.











