Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неколку прекршоци и изречени инспекциски мерки е епилогот од вчерашните контроли

/

пред 1734 дена

Сподели преку :

Во 36 те надзори на Државниот инспекторат за труд во текот на вчерашниот ден  се регистрирани 9 неправилности, при што се изречени  инспекциски мерки. Законот е јасен и нема простор за дилеми, смета Тренчевска.

Во исто време и екипите на Државниот пазарен инспекторат беа на терен. За сега не се регистрирани прекршувања на Законот за трговија и работата на трговците и надзорите беа пред се превентивни за да се скенира состојбата.

Констатирано е дека Законот се почитува освен што имавме информација дека во Охрид работат сите објекти бидејќи такви насоки имаа добиено од Државниот инспекторат за труд и дека уште оваа недела можат да работат по старо, во сите други делови трговците кои немаа право да работат не работеа, рече директорката на ДПИ Анета Симеска Димоска.

Во меѓувреме Државниот пазарен инспекторат  и понатаму се соочува со недостиг на доволен број инспектори, доколку се имаат предвид сите надлежности и активности кои би ја покривале цела територија на државата.

Нина Стефанова