Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По петдневна расправа Собранието го усвои буџетот

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

За власта развоен буџет со капитални инвестиции што ќе помогнат  да се реши економската криза, за опозицијата голема лага со проекти кои не се ни во план да се реализираат. Пратениците пет дена се расправаа и со 63 гласа „за“, 36  „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната година.

Најголемите критики денеска беа за сумата од над 500 милиони евра, предвидена за плати за административците, во која не е предвиден К -15.

Мнозинството тврди дека имаат план и тоа за следните четири години.

За предлог буџетот претходно десет дена се расправаше и на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Потоа беше вратен во владата и дополнет со прифатените 23 амандмани, од кои 12 на опозицијата.

Проектиран е на 4,4 милијарди евра. Вкупните расходи се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП.

Далиборка Дамјанска Цветановска