Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 20 текстилни работнички од „Алкон текст“ никогаш нема да ги земат заостанатите плати

/

пред 1856 дена

Сподели преку :

Над 20 текстилни работнички од штипска фирма Алкон текст имаат над 2.000 евра на хартија, но во реалноста никогаш нема да ги земат. Нема да ги добијат неисплатените плати, минатиот труд, бидејќи стечајната постапка која трашеше само 20 минути во судот покажа дека сметките на фирмата се празни. Овие работнички неколку пати протестираа и не сакаа  да се потпишаат , за  да се префлат да работат во друга фирма.

Работничките од кои поголемиот дел се и пред пензија се разочарани што институциите молчат, а на крајот на својот работен век какошто велат  наместо достоинствено да си заминат од фирмата, биле избркани без заслужената отпремнина.

Кристина Ампева од Гласен текстилец, која изминатите месеци цело време беше со работничките и алармираше кај институциите смета дека  државата дозволува принципот „Затвори-отвори“ фирма од преседан да стане пракса.

Протестите на педесетина текстилни работници од оваа штипска фирма почнаа во мај, дел од нив не ги потпишаа новите договори за работа и си заминаа, а мал дел си заминаа во пензија.

Викторија Јованова