Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК Битола ќе ги врати во функција поплавените рудници

/

пред 2248 дена

Сподели преку :

РЕК Битола донесе акционен план за санирање на последиците од поплавите во рудниците во најголемиот производител  на струја во државата и нивно  целосно ставње во функција. Обилните врнежи во Пелагонискиот регион предизвикаа елементрарна непогода на површинксиот коп,  па во прекин е ископот на јаглен. Подготвени се краткорочни и среднорочни мерки за ефикасно санирање на штетите, а покрај со сопствените ресурси, доколку е потребно, за реализиација на акциониот план ќе се вклучат Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, информираат од Државните електрани.

Деновиве со обилните и интензивни врнежи, во  Рудникот Суводол  се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години. И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено, согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата, информираат од Дравните електрани. Ова е трета поплава на Рудникот Суводол во РЕК Битола во рок од два месеци.

Емилија Мисирлиевска