Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бислимоски: Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал

/

пред 1709 дена

Сподели преку :

Согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија треба да добијат пониски сметки, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

– Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се коригира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој посочува дека ако во јануари кај дел од потрошувачите каде што е констатирана неквалитетна испорака на топлинска енергија со решение, по извршена контрола од страна на комисија – снабдувачот треба да им фактурира помала сметка.

– Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија. Дополнително бараме да се прошири надлежноста на државниот инспекторат за техничка инспекција и освен комисија од снабдувачот што го контролира квалитетот на испораката на топлинска енергија, на терен да излегуваат и инспектори кои ќе ја мерат температурата дали отстапува од пропишаната. Снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал, потенцира Бислимоски.