Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РКЕ сѐ уште ги прави пресметките за цената на струјата

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

Регулаторите веќе втор ден ги анализираат поднесетите барања на енергетските компании за покачување на цената на струјата и ги анализираат трошоците прикажани во барањата. Се разгледува секоја ставка одделно, а очекувањата се дека до крајот на оваа недела од регулаторна ќе излезат со првична информација околу приближната цената на струјата и евентуалното покачување во проценти.

Претседателот на регулаторна, Марко Бислимовски, најави дека при формирањето на цената регулаторите ќе се обидат да ги намалат маржите и профитот на енергетските компании во корист на граѓаните.

РКЕ започна со детални анализи на поднесените барања од енергетските компании. Со што практично почнува фазата на системска и длабинска проверка на секоја пријавена ставка на трошоци. Паралелно се проверуваат вкрстено механизмите кои Рке прв пат ќе ги активира поради енергетската криза, со цел заштита на потрошувачите, соопштија од РКЕ.

МЕПСО побара цената на струјата да се покачи за 60 отсто, Електродистрибуција двојно, а универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ги достави само предвидените трошоци за 2022 година, без да ја прецизираат висината на поскапувањето.