Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ставрески ќе го советува Бесими, заедно со останатите поранешни министри за финансии

/

пред 1740 дена

Сподели преку :

Поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески ќе му дели совети на актуелниот министер Бесими. Формирано е ново советодавно тело во кое покрај Бесими и Ставрески ќе членуваат Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Трајко Славески и Кирил Миноски. На средбата не присуствуваше Нина Анѓеловска. Но од финасии велат дека останатите поранешни министри не присуствувале од објективни причини, а интенцијата била и тие да бидат дел од советот.

Во рамки на советот ќе се разгледуваат актуелни прашања за теми за кои што е потребен консензус во општеството.

Ставрески, во изминатите пет години не беше активен на политичката сцена, а неговото прво појавување беше по локалните избори годинава, кога ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе го мониторира работењето на новите градоначалници избрани од редовите на оваа партија. По што СДСМ во неколку наврати реагираше дека Ставрески, кој ја презадолжи државата за да се финансира проектот „Скопје 2014“ и самиот кажа дека „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб“ сега ќе ја контролира работата на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, но останаа без коментар за тоа што Ставрески ќе биде дел од новото советодавно тело во финансии.

Во слично советодавно тело во Владата, претходно требаше да биде и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, но по острите рекации во јавноста, но и негодувања во СДСМ, идејата пропадна.