Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стапката на невработеност во Еврозоната се зголеми на 7,4 проценти

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Стапката на невработеност во еврозоната се зголеми за 0,1 процентни поени во мај, што се должи на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА.

Бирото за статистика на Европската унија, Евростат, денеска соопшти дека невработеноста во 19-члената евро-зона се зголемила на 7,4 отсто во мај – од 7,3 отсто во април.

Стапката на невработеност во пошироката Европска унија исто така се зголеми за 0,1 процентни поени на 6,7 отсто во мај.

„Рестриктивните мерки поради Ковид-19, што се применуваат од март 2020 година, предизвикаа нагло зголемување на бројот на побарувања за бенефиции за невработеност ширум ЕУ“, се вели во соопштението на Евростат.