Да се иницира анализа, дали и колку, може и треба да се зголеми граничната сума од 30 илјади евра, за да се зајакне Фондот на депозити. Потребни се промени, но тие во моментот би предизвикале силен потрес во банкарскиот сектор и затоа не треба да се избрзува. Ова беа дел од заклучоците на гостите во вечерашната Топ Тема. Согласни се дека довербата кај граѓаните е расколебана и може да биде опасна за банкарството.











