Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс шефот на разузнувачката служба положи заклетва – десничарот Дик Шоф нов премиер на Холандија

/

пред 842 дена

Сподели преку :

Поранешниот шеф на холандската разузнавачка служба, Дик Шоф, положи заклетва како нов холандски премиер, повеќе од седум месеци по победата на радикалниот десничарски популист Герт Вилдерс на парламентарните избори во Холандија, со што земјата ја доби најекстремно десничарската влада во историјата.

Коалицијата од четири партии во голема мера е контролирана од Вилдерс, иако тој не е член на владата. Официјалниот договор на новата владина коалиција наречен надеж, храброст и гордост, воведува строги мерки за барателите на азил, се укинува спојување на семејствата на бегалците и настојува да го намали бројот на странски студенти во Холандија.