Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Поранешниот заменик-министер за одбрана на Русија, Тимур Иванов, е осуден на 13 години затвор поради проневера на 3,9 милијарди рубљи или околу 50 милиони долари и перење пари.

Пресудата, донесена од Градскиот суд во Москва, претставува дел од поширока антикорупциска акција во воениот врв на Русија, за која многумина сметаат дека открива системска корупција поврзана со воените неуспеси во Украина.

Иванов, кој од 2016 година управуваше со воени градежни проекти и логистика, беше познат по својот луксузен животен стил, што предизвика огорченост во јавноста додека руската армија се соочуваше со сериозни проблеми на фронтот.

Тој беше уапсен во април 2024 година, а покрај затворската казна, му беа конфискувани недвижнини и колекција на десетици ретки автомобили. Адвокатите на Иванов најавија жалба. Истражната постапка ги опфати и други високи функционери блиски до поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој, иако не беше обвинет, беше преместен на нова позиција како секретар на Советот за безбедност на Русија.

Меѓу обвинетите се и директорот на воениот комплекс „Патриот Парк“, како и друг поранешен заменик-министер, Павел Попов, кој е осомничен дека проневерил државни средства за изградба на приватна вила.