Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експертите не се изненадени од раздвојувањето на Македонија и Албанија

/

пред 763 дена

Сподели преку :

Раздвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, не е изненадување за експертите кои ја следат оваа проблематика. Со оглед на ситуацијата околу отвореното прашање за уставните измени и чувствата народот за тоа, сметаат дека во моментов е многу тешко да се очекува договор.

Знаме дека ова е многу тешко за луѓето овде, затоа што ставот во минатото беше дека вие сте понапред од Албанија, па ова е сега фрустрирачко. Но, европските процедури се тешки и не верувам дека нешто може да се промени. Можеби ако Македонија преземе иницијативи, ги презентира своите аргументи пред сите европски држави и  бара да се регулираат позициите за јазикот, историјата и идентитетот, но да бидам искрен, не верувам дека ЕУ ќе дозволи некакви прилагодувања или ќе даде документ за да се спречат понатамошните барања на Бугарија, изјави Даниел Браун, претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија.

Нашите експерти, пак, сметаат дека,решението е во порационални  разговори со Бугарија, затоа што идентитетското наддавање од двете страни не води нигде, а гаранции дека нема да има нови барања,никој не може да даде.

Дел од нив сметаат и дека нема потреба од евроскептицизам.

Дел од препораките се и да се остави простор за примирје,за да се смири реториката од двете страни, а потоа да се дозволи со проблемот подипломатски да се соочува министерот за надворешни работи.

Далиборка Демјанска Цветановска