Најмалку едно лице загина во експлозија што доцна синоќа се случи во хрватскиот крајбрежен град Сплит, јавија хрватските медиуми.
Според информациите од сплитската полиција, експлозијата се случила во 22:40 часот по хрватско време во населбата Равна Нива во Сплит. Досега е познато дека најмалку едно лице загинало, но засега нема информации за него.
Eксплозијата се случила во подвозник. Полицијата го обезбедила поширокото подрачје околу местото на инцидентот.
Истрагата е во тек, но во оваа фаза податоците од неа укажуваат дека не станува збор за кривично дело, туку за несреќа, се вели во соопштението на полицијата.











