Дванаесет рудари загинаа, а осум се спасени по експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападниот дел на Пакистан, соопштија официјални лица.
Експлозијата, според главниот инспектор за рудници во пакистанската провинција Белуџистан, се случила во текот на ноќта. Тој додаде дека сите спасени рудари се хоспитализирани.
Рудниците за јаглен во Пакистан се наоѓаат во западните делови на земјата, во близина на границата со Авганистан и несреќите во нив се чести, главно поради метан.











