Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екстремно десничарската „Алтернатива за Германија“ ја номинира Алис Вајдел за канцеларка

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Екстремно десничарската Алтернатива за Греманија (АфД) ја номинираше Алис Вајдел за кандидатка за канцеларка на Германија на претстојните парламентарни избори во февруари. Партијата доби на популарност и моментно е втора најсилна во земјата по демохристијаните на десниот центар. Според резултатите на анкетите, АфД ужива меѓу 18 и 19 отсто поддршка меѓу електоратот.

Вејдел, 45-годишна економистка, вети дека ќе подигне урнатата национална економија, дека ќе ја прекине германската енергетска транзиција и остро ќе ја намали имиграцијата која ја нарече „извор на секое зло“.

Останати кандидати за канцелар се актуелниот Олаф Шолц од Социјалдемократската партија, Фридрих Мерц од редовите на Демохристијаните и Роберт Хабек од „Зелените“.