Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ер тракторот чини 3.000 евра само за гориво за дневно да лета, хеликоптерот чини до 4.000 евра на час – Ангелов во „Топ тема“

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Ер тракторот дневно да лета чини околу 3.000 евра, зборувам само за гориво. Со амортизацијата, пилотите, тоа се мултиплицира, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„За хеликоптерите има неофицијална информација дека чинат неколку илјади евра од час. Дури се зборува за 3.000 до 4.000 евра вкупна сума со амортизација, затоа што хеликоптерот не е наменет за гаснење на пожари. Гаснењето на пожари претставува многу стресна ситуација за хеликоптерот, за самиот хеликоптер како летало, за неговата каросерија. Покажуваат одредени дефекти и затоа тие мора да одат редовно на сервис“, рече Ангелов.