Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган: Четири лица загинаа, 14 се повредени во подмолниот терористички напад во Анкара

/

пред 727 дена

Сподели преку :

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во нападот врз просториите на турската државна компанија за воздухопловство и одбрана ТУСАШ загинале четири лица, а 14 се ранети.

Ердоган одговори на сочувството што неговиот руски колега Владимир Путин што му го изрази за време на нивната билатерална средба на маргините на Самитот на БРИКС што се одржува во Казан.

– Сакам особено да ви се заблагодарам за зборовите на сочувство. Четири лица, четворица маченици, загинаа, 14 лица се ранети. Тоа е подмолен терористички чин. Посакувам Алах да ги упокои душите на нашите маченици, рече турскиот претседател.

Според локалните власти во Анкара, нападот врз компанијата стивнал, но за сега не можат да дадат повеќе детали.

Министерот за внатрешни работи рече дека најмалку двајца од напаѓачите загинале.

Не е јасно кој стои зад нападот. Вакви напади во минатото извршија Курдските милитанти, групата Исламска држава и левичарските екстремисти.