Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган: Одбраната на Иран од „лудите“ напади на Израел е природна, законска и легитимна

/

пред 487 дена

Сподели преку :

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Иран се брани од нелегалните и „луди“ напади на Израел и она што го нарече „државен тероризам“. Според него, иранската самоодбрана е природна, законска и легитимна.

Во говорот пред членовите на владеачката Партија на правдата и развојот во парламентот, тој истакна дека Израел нападнал сосед на Турција без чекање да завршат нуклеарните преговори меѓу Вашингтон и Техеран, додавајќи дека Анкара е за решавање на прашањата по дипломатски пат.

Ердоган додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го надминал Адолф Хитлер во извршување на геноцидните злосторства во Газа.