Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ерупција на вулкан во Индонезија-најмaлку 10 лица загинаа

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Најмалку десет лица загинаа во ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија.

Вулканот Лаки-лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени карпи до висина од 2.000 метри.

Властите во Индонезија го подигнаа статусот на вулканот на највисоко ниво, поради што се евакуирани жителите на неколку околни села, соопштија денеска официјални лица, пренесува Ројтерс.

– По ерупцијата дојде и до прекин на електричната енергија. Потоа врнеше дожд, проследено со силни молњи, што предизвика голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот – изјави денеска Хади Виџаија, портпарол на Центарот за вулканологија.

Погодени се четири околни села

Ерупцијата на овој вулкан зафатила четири околни села чии жители биле евакуирани, но, како што е соопштено, животот го загубиле десет лица, јавува Анса.

Огнена лава и вжештени камења погодија села оддалечени седум километри од кратерот, а меѓу другото изгоре и католички манастир.

Селата најблиску до планината Левотоби беа целосно покриени со вулканска пепел, а властите потоа решија да ги евакуираат жителите на селата оддалечени десет или повеќе километри од центарот на ерупцијата.

Му претходеше ерупција на голем број други вулкани

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност на повеќе тектонски плочи.

Последната ерупција следи по ерупциите на голем број други активни вулкани во Индонезија.

Во мај, луѓето од седум села беа евакуирани поради ерупција на вулкан на оддалечениот остров Халмахере на планината Ибу.

Вулканот Руанг во Северен Сулавеси исто така еруптираше во мај, поради што властите евакуираа повеќе од 12.000 луѓе од областа.