Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Есенската потрошувачка кошница заштеди до 1.360 денари за семејствата, пресмета економија – следна за Нова година

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Владината мерка за ограничување на маржите до 10 отсто, преточена во т.н. есенска потрошувачка кошница даде резултати, а пресметките во министерството за економија и труд покажале дека едно семејство заштедилo до 1.360 денари минатиот месец, во зависност од тоа како се хранеле и каде купувале.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој денес ги презентираше резултатите нагласи дека не очекува нов ценовен шок но најави и ригорозни мерки доколку тоа се случи. За какви мерки станува збор не кажа.

Дурмиши најави дека вакви мерки ќе има и во иднина, но додаде дека ќе траат меѓу 15 и 30 дена и во моментов се во тек состаноци со трговците и дистрибутерите за да се прецизираат деталите и да се избегнат ситуации како на почетокот на есенската кошница кога недостасуваа производи на рафтовите.

Дополнително намалување на цените треба да има веќе овој месец, откако трговците ќе ги истрошат залихите во магацините за кои тврдат дека ги имаат и новата стока ќе ја набават согласно новите пракси предвидени со Законот за забрана за нефер трговски практики. Трговците имале забелешки и околу овој закон.

Кога станува збор за мерката потрошувачки кошници, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска остана на ставот дека е против овој тип на мерки и не поддржува повторно активирање како што е најавено за во периодот кој следува.

Огнен Чанчаревиќ