Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ не успеа да најде оператор кој во вонредни услови веднаш би испорачал струја

/

пред 612 дена

Сподели преку :

ЕСМ не успеа да најде оператор кој би испорачувал струја во услови на евентуална хаварија. На повикот за избор објавен на почетокот на декември лани кој се затвори пред неколку дена, од ЕСМ велат дека не се пријавил никој и дека најверојатно ќе има нов со изменети услови, но се уште не е утврдено кога.

Државните електрани во време на грејна сезона често се соочуваат со проблеми со блоковите во РЕК Битола. Во вонредни услови се одлучувало и  преку преносниот систем  МЕПСО да се влече струја од надворешните мрежи, но тие количини чинат многу пари. Па со ваквиот повик треба да се обезбеди оператор кој би продал струја веднаш за да се надомести недостатокот и да не се почувствува криза.

ЕСМ се уште е во потрага и по компанија која ќе копа јаглен за потребите на РЕК Битола во рудникот Брод Гнеотино – односно некој кој ќе го  замени Марковски Компани со кој го раскинаа договорот, заради непочитување на обврските. Сега, таму привремено ископ прави Топлина Подмоље.