Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Европската Унија (ЕУ) доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди портпарол на Европската комисија (ЕК) за МИА. Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за текот на утрешниот ден.

Претходно, ЕК информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку нејзиниот Механизам за цивилна заштита, доколку таа го побара тоа.

Изрази на сочувство, солидарност и тага поради трагедијата изразија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за проширување и за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент, Марта Кос и Хаџа Лабиб.

Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.