Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ се договори за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании.

-Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени правила поврзани со вештачката интелигенција, се наведува во соопштението на Кипар, кој моментално претседава со ЕУ.

Земјите-членки и преговарачите се договорија и да ја забранат употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање сексуални „дипфејк“ содржини без согласност на лицата прикажани во нив.

Критичарите оценуваат дека олеснувањето на дел од правилата покажува дека Европа попушта под притисокот на големите технолошки компании.

Овој договор е постигнат по девет месеци преговори и ј треба формално да биде одобрен од владите на ЕУ и од Европскиот парламент во наредните месеци.